Од Левица- Делчево во јавноста упатија аларм за состојбата со условите за живот во село Драмче во општината Делчево.
Од Левица- Делчево ја алармираат јавноста за немањето на вода за пиење во домовите на селото Драмче, но и за катастрофално-лошата состојба со патната инфраструктура во селото.
“Овие фотографии кои ги добивме од жител на селото Драмче се вистински приказ на суровата реалност со која секојдневно се среќаваат жителите на ова село, а која е резултат на негрижата од страна на локалните власти во изминатите неколку мандати.
Патната инфраструктура во најголем дел е во многу лоша состојба по која речиси е невозможно секојдневното извршување на обврските на селаните и пристапот до нивните домови во зимски услови е речиси целосно оневозможен.
Селскиот водовод десетици години нема никаква обнова на водоводната мрежа и како резултат на тоа има намалена количина на вода, а во летниот период премногу често се случува и по неколку денови да останат без вода. Селаните кои не се поврзани со селскиот водовод се оставени буквално сами да се снаоѓаат и со сопствени средства да си го решаваат проблемот со водоснабдувањето. Огромен проблем претставува и немањето улично осветлување и поради тоа директно е загрозена безбедноста на лицата кои патуваат по овој терен.
Овие морничави слики мора да се искоренат и да се пристапи кон итно и интензивно работење на обезбедување на основните животни услови на жителите!”
-напишаа од Левица- Делчево на нивната фејсбук страна.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот