БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Литургија на Митрополитот Агатангел пред поворката посветена на семејните вредности. Сите се поканети

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во соопштение на Повардарската епархија се известуваат сите верници дека утре во сабота 29.06.2019 година со почеток во 08.30 часот во црквата Рождество Богородично во Скопје ќе се одржи света Божествена литургија која ќе му претходи на “Маршот на гордоста” што го организираат повеќе граѓански организации за поддршка и афирмација на семејните вредности.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Повардарската епархија:

Се известуваат сите благочестиви верни чеда во Господа, дека на утрешната Литургија во храмот на Рождеството Богородично во Скопје, ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на многубројно свештенство од повеќе епархии на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Литургијата е со почеток во 08,30 часот, и потоа сите заедно ќе учествуваме во ПОВОРКАТА ПОСВЕТЕНА НА СВЕДОЧЕЊЕТО НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ.

Ги повикуваме сите наши духовни чеда, браќа и сестри во Христа, да присуствуваат со цел што посилно да посведочиме, сите заедно со семејствата, што за нас како христијански народ е нормално и прифатливо.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace