БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Игор Јанушев за апсењето на опозициските функционери: Ќе светне денот, многу бргу кога тие што ова го прават ќе мораат да дадат одговори и ќе одговараат!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По апсењето на Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски и Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Митревски од Аеродром, со своја првична реакција во јавоста излезе Генерелниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Истата ја пренесуваме во целост:

“Зошто го прават ова? Зошто знаат дека губат. А, поразот ќе значи неминовно соочување со одговорност. А, одговорноста значи дека Деспотот и неговата дружина освен политичката пензија, ќе имаат и друго слободно време да размислат за сите злодела кои ги прават, за сите невини кои сега ги товорат со измислени дели, за сите судбини кои ги загорчија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Причината зошто Димитар и Дејан, денес се малтретирани е една и единствена, а тоа е затоа што ја говорат вистината. Затоа што Димитар говореше за криминалот на Зоран Заев, а Дејан им го зададе жестокиот удар што значеше пораз за криминалната власт во Аеродром на последните избори.

Овие луѓе, а верувам и останатите кои денес се мета на власта, не се никакви криминалци, туку чесни луѓе, на кои Македонија и ВМРО им е пред се. 
Ако тоа е гревот, тогаш тие и сите ние тој “грев” ќе го носиме, но ќе светне денот, многу бргу кога тие што ова го прават ќе мораат да дадат одговори и ќе одговараат!Некои дадоа по нешто, но некои даваат се, даваат се за Македонија!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace