БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Локалниот младински совет на Кочани ќе има проактивна улога во интерес на подобрување на условите за живот за младите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На трибина во Кочани вчера беа презентирани целите, надлежностите и залагањата на членовите на Локалниот младински совет на општина Кочани. Пред јавноста на Кочани од страна на младинскиот совет се изнесе основната заложба на ова локално тело за сеопшта соработка со сите надлежни и заинтересирани институции, здруженија, приватни компании и поединци во интерес на афирмација на потребите, унапредување на животниот стандард преку конкретни активности на младите во Кочани.

“Целта на трибината беше претставниците на младинските организации и граѓаните на Кочани со свои идеи и предлози да се вклучат во креирањето на Програмата за работа на Локалниот младински совет и активно да соработуваат во реализацијата на зацртаните цели.

Јавната трибина на која, покрај претставници на младинските организации, присуствуваа членови на Советот на Општина Кочани, на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и претставници на граѓански здруженија, помина во конструктивна атмосфера и со поддршка на намерата на младите да работат на реалните потреби и да постигнат видливи и мерливи резултати по прашања од јавен интерес од локално значење.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-информираат од општина Кочани.

Една од основните заложби и определби на Градоначалникот Љупчо Папазов како татко на општината е интензивната соработка со младите на сите нивоа во Кочани. Локалниот младински Совет на Кочани е одлична можност за остварување на таа успешна соработка, за чија што реализација ќе следуваат повеќе конкретни активности во наредниот период.

Креирано од:


Пренеси го гласот