БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Маја Ангелоу: “Сеуште се кревам”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Можеш да ме запишеш во историјата
Со твоите горчливи, расипани лаги,
Можеш да ме згмечиш во самата кал
Но сепак, како прашина, Јас ќе се кренам.

Дали мојата несмасност те вознемирува?
Зошто си обземен со мрак?
Затоа што чекорам како да имам нафтени бунари
кои течат во мојата дневна соба.

Исто како месечините и како сонцата,
во очекување на плимата,
како што надежите скокаат високо,
сеуште се кревам.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали сакаш да ме видиш скршена?
Наведната глава и спуштени очи?
Рамења кои паѓаат како солзи,
ослабени од мојот плач во душата?

Дали мојата височина те навредува?
Дали не можеш да поднесеш
Затоа што се смеам како да имам златни рудници
кои ги копам во мојот двор.

Можеш да ме прострелаш со твоите зборови,
можеш да ме пресечеш со твоите очи,
можеш да ме убиеш со твојата омраза,
но сепак, како воздух, јас ќе се кренам.

Дали мојот сексипил те вознемирува?
Дали те изненадува
кога танцувам како да поседувам дијаманти
со допирот на моите колкови?

Надвор од колибата на историскиот срам
Се кревам
Над минатото вкоренето со болка
Се кревам
Јас сум црн океан, со бранови широк,
Кој вдишува и издишнува носен од плимата.

Напуштајки ноќи на терор и страв
Се кревам
во ден кој што е љубопитно чист
Се кревам
носејки ги со себе подароците кои моите претци ги дариле,
јас сум сон и надеж на роб.

Се кревам
Се кревам
Се кревам.

Превод: Кирчо Анастасов

Автор: Maja Angelou (“Still I rise”)
од збирката поеми ” And Still I Rise“

Од името на редакцијата на нашиот портал на сите жени, мајки, сестри… им го честитам Меѓународниот ден на жената.
Сакајте и бидете сакани.

Креирано од:


Пренеси го гласот