Денешниот празник со кој се одбележува Меѓународниот ден на жената- 8 Март, во Скопје беше одбележан со трибина насловена како „Успешна Жена, силна Македонија“.
На трибината зборуваа повеќе истакнати жени-активисти од образовниот, културниот, политичкиот и воопшто од сите полиња на општествен живот во нашата држава за значењето на овој ден но и за предизвиците во сегашноста и иднината во однос на она што претставува овој ден за жените и воопшто за човечката цивилизација.
Настанот беше во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
По завршувањето на трибината, Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека денес не смее да заборавиме зошто го одбележуваме 8-ми март, односно борбата за еднаквост на половите. Иако според Мизрахи законите се изменети, жените се уште не се заштитени од половата дискриминација и за жал, денес сеуште немаме целосна еднаквост. Мизрахи посочи дека мора да се промени перцепцијата, а жените треба да ја препознаат својата сила бидејќи само тогаш ќе имаме вистинска еднаквост.
Во продолжение во целост ја пренесуваме изјавата на Рашела Мизрахи од денешната трибина:
“Денеска е 8 Март, пред се да го честитам на сите жени во Република Македонија, на сите жени во светот.
Да ен ги менуваме или забораваме критериумите за она зошто го чествуваме Осми Март. Денеска е денот на Цеткин и на Луксембург, големата борба за еднаквост на половите.
Дали денеска имаме еднаквост на половите? Апсолутно немаме!
Иако законите се изменија, иако имаме закони со кои што се заштитуваме од полова дискриминација, не се заштитуваме од генералната перцепција со кои што децата растат во општествениот систем, за тоа што е жена а што е маж. Перцепциите мора да се менуваат одвнатре кон надвор. Тоа значи дека жените прво треба да препознаат сила во себе и да гио препознаат своите квалитети, за да посегнуваат кон остварување на одредени цели. Само тогаш ќе имаме еднаквост.
Нека овој ден биде поттик за реформа која што ќе дојде одвнатре кон надвор. Перцепцијата за жената нека биде перцепција за силна жена- силен член на ова општество.
Сепак сме ние во светски рамки 51% од светската популација.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата