-Таму каде што нема револуционери на цена се затворските казни-
Капат ситни капки по лицата на легионерите.Сонцето го вари и остатокот од несварениот мозок. Топло е до Балчак. Им гори под нозете. Рокови, продадени илузии, дилови на кило, де јавни, де тајни, настрани, настрана, странски, домашни… а се стара јатак шема на бремето на магарето!? Чунки самар не му треба за овој народен еп! И да не е инаетливо ќе си умреше до зелена трева, чунки оаза на рати??
Пустиња пуста и врела ноќ и црн ден за превоспитаните. А само етапа ве спасува во иднината која е тука некаде во близина на првиот киоск, си купува време. Измешани чувства, пороци, и утврдена политичка смрт. Да, да, заменета со бомби од цвеќе и снимено, наместо куршуми и магарешки атентати, оние истите а шарени со кои си играа пред породувањето на новата идеја Ви треба Камила за втората и третата етапа на патеката наречена Евровизија(види:Игра со џојстик). Во теретана билдате концензус на стероиди и на лажна потенција!
Парадери со силни кредити и шарени фустанчиња бркаат право и мир во оазата на фатаморганите.Еден куп прозивки, метли и правосмукалки, црешово топче наместо хаубица и лажни макети на тенкови и авиони(таа ли е таа сила?). Анте фини барате, чиста енергија и упокоен мир. Европа ве бара вас, синови на Новото време!
Умре вашата болест, остана само Барање. Се бара Барање, се бара духовно застоена адултна маса, аморфна и структура без раат и чест. Се бара ново опшеСво без мерка и Концепт, за Револуција! Се бара сурово набилдана Импотенција на умот, надградена од полтронски чиста Негација при избор или Негатива при селекција, или, или…Глас и Говор до солитерите. Клетви фрчат и пакост тивки како смена на генерации и политички структури. Ве вознемирува ли Умот на колумната? Ве вознемирува ли чувството на слаба ментална слика и инфериорното слепо црево во хипоталамусот, Вашиот најсилен мускул!? Па запалете цигарче после општење! Вашата крвна слика е одраз на една запалена рубрика во најчитан весник, Вие читатели а Тој откривач на вашите шеми.Адресант и адресат, па прашајте го Куелјо! Барајте на почетокот! Белата ноќ е моето огледало во шпионскиот лик на пријател, љубовница одвратна која со тебе е за пари а со непријателот за општествен престиж. Дел си дел од мојот дип нет, дел си од топлиот камен, моето срце кое те имаше за вирус. Во машки Андроид купуваш трула месечна надокнада на просечен поединец. Неморал на мене-Не! Талентот неуновчен нема цена нели? Проверете ги сите полициски архиви, да да, проверете! Антивирус е, не е Тројанец, ни Ахајец, не Троја, Македонија е!!! Не е поле од песок, зелена пустиња стана! Не е Магаре, Камилата е. Ако ти пречи единката-елиминирај! Талентот боли ако е туѓ. Сиромаштија сме, на дух и на парче леб, парче биопсија од левата преткомора, изморена проститутка од животниот век.Физичкото отсуство на дух е само Камен кој иде одблизу. Дечкото од обезбедувањето, колона прва, ред трети е предавникот на Каузата. Тој е нашиот Јуда, но и други Таленти, скриени под значката на Силата.Полека само. Камилата е Ваша а Магарето е наше. И ќе парафразирам еден Човек: ,,Чкрапалото на челото на самоубиецот не го повлекува самоубиецот, но општеството”. Се симнавме ниско за да одиме со крилјата, толку далеку а толку блиску до Талентот. А работниците? А праведните? А Талентот? Хм, тој е секогаш првоосомничен! Дури и кога молчи. Аман веќе братучед!Пукај! Пукај братучед!
Гоце Марков
-колумнист, Македонец и Човек


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот