На интернет е покрената донаторска акција за поставување на споменик во чест на Македонскиот писател Горан Стефановски.
Горан со својот авторски габарит задолжи многу свои следбеници на неговото животно дело. Се чини најповеќе тој ќе биде запаметен како хроничар на едни чудни времиња кои се случуваа на просторот од кој тој произлезе прво како човек пред се а потоа како автор.
Балканот беше неговиот немир- неговата инспирација, иако живееше далеку во Лондон, за како необременет сведок може да посведочи за вистината.
Има многу што да се напише за овој неповторлив гениј на мислата. Неговиот живот допрва ќе биде предмет на анализи на највисоките академски кригови, кога тие би смогнале сили барем за миг да го надминат она што Горан одамна го беше надмина, а тоа е секојдневието на овие турбулентни простори….
Дотогаш, обичните читатели, негови верни со-воздишнувачи со секој негов збор, ќе градат свој интимен култ на авторот кој се чини прерано замина од овој материјален свет.
Неговите кремирани остатоци беа вратени во неговата татковина, а дрво беше засадено во негова чест во неговото Дебар Маало во Скопје, во едно мало паркче во населбата.
Под тоа дрво оставен е завет да никне клупа со статуата на Горан Стефановски од едната страна, со празно место на клупата до него.
Тоа место може да биде и твое, почитуван читателу, ако барем за миг свратиш во тоа паркче, под тоа дрво, да седнеш на безгласна беседа со писателот….
За оваа клупа и оваа статуа биде поставена, потребни се 15 илјади фунти. Дел од овие пари веќе се прибрани и разно-разни незнајни донатори. Преостанува уште поголемиот дел од овие пари да биде собран.
На овој линк тука, можеш и ти да донираш, почитуван читателу…

Скулптурата веќе се работи од страна на назначено уметничко атеље, а работата поврзана со него може да се следи на сл. линк тука.
И да се надеваме дека оваа клупа почесто ќе биде посетувана, за да може Горан да позборува со некого, макар и од светот на идеите….


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот