БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонците од Канада со бојкот на претстава на поддржувач на СЈО и актуелната власт

Пренеси го гласот

Македонски весник од Канада пласираше информација во јавноста во која се образлагаат причините зошто ќе го бојкотираат прикажувањето на претставата “Партија Реми” на Драмскиот театар од Скопје.

Во продолжение во целост ја пренесуваме објавата на весникот “Македонски весник” (Macedonian newspaper) од Канада на фејсбук:

НЕ’ ИЗЕДЕ СРАМОТ ОД НИВНАТА СРАМОТА

Деновиве многумина од вас драги читатели на ,,Македонија,, не’ прашувате кој е нашиот став во врска со најавеното гостување на претставата ,,Партија Реми,, на драмскиот театар од Скопје, а која во организација на Гоце Бурзевски би требало да биде изведена во еден театар во пошироката област на Торонто.

Еве го одговорот: Бојкотираме, како и сите чесни и честити Македонци кои размислуваат освестено и разумно, кои се будат и легнуваат со немирот што некој се дрзна да распродаде се’ што е најсвето наше – се’ што е македонско! Поврзаноста на претставата (организаторот…) со злосторничката власт е повеќе од очигледна.
Имено, гостувањето стана скандалозно по објавата на постер на кој организаторот е претставен низ колаж од слики кои сигурно се само дел од неговите активности, почнувајќи од т.н. ,,шарена револуција,, па се’ до циркузантското СЈО, кое денес постои само на маичката на Гоце со горда насмевка како вистински платен актер за рекламирање на актулната ништожничка власт во сега веќе прекрстената ни’ Македонија.

Извонредниот македонски патриот и докажан активист во македонската заедница во Канада Боне Темелков стои зад објавата на постерот, со повик за бојкот на претставата која сама по себе можеби и не е зло, колку нејзините позадински дејанија, прекриени со велот на измамата.
Бурзевски ден по објавата на постерот и споделувањето на истиот на речиси сите патриотски групи и организации на фејзбук, се обиде да образложи дека и во времето на ВМРО организирал претстави и дека политиката не требало да се меша со уметноста.

Да, така беше (и ќе беше сеуште најверојатно), во време кога партиите нормално се сменуваа на власт и кога никому на памет не му падна разнебитувањето на македонскиот идентитет. Тој отворено поддржува и му се радува на сега веќе распродадениот македонски идентитет, бришењето на предзнакот македонски во името на сите македонски институции – и за него тоа не е мешање на политика?
Повеќе од извесно е дека Бурзевски со своите истомисленици од Торонто и околината ќе се сретнат на 4-ти октомври и ќе си честитаат на успехот заради гостувањето на драмскиот театар од некоја си прекрстена држава ,,во име на културата и зачувувањето на македонскиот идентитет,,.???

Ќе ликуваат, божем издигнати над реалноста, со омаловажувачки коментари кон загрижените патриоти.
Нека им е, нека се радуваат – ,,различните,,.

Ќе останат запаметени по присуството на претстава која ја организирал отворен поддржувач на различните: Заев, Боки, Катица….. Слични на сличните се радуваат!

А вам, господине Темелков секоја Ви чест, на Ваша страна сме заедно со бројните читатели на ,,Македонија,, од Канада и светот во борбата за истерување на правдата за македонската вистина и бојкот на се’ што и’ донесе темнина на Македонија.
И Ве молиме не осврнувајте се на т.н. ,,Бранковисти,, од Канада кои после се’, се срамат да признаат дека се Заевисти, па се обидуваат да го обелат образот на организаторот, а Вас обвинат за повик за бојкот.

Нема ништо поочигледно од сознанието – дека се срамиме од нивната срамота!

-Стои во објавата на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот