БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонската асоцијација за рударство (МАР) пред избор на ново раководство – неопходна промена за подобро управување и одговорност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 14 февруари 2025 година, Иницијативниот одбор за свикување на вонредна седница на МАР, составен од 12 членки на Македонската асоцијација за рударство (МАР), поднесе барање до Претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија и Управниот одбор на Комората за итно свикување на вонредна седница. Барањето е резултат на сериозната загриженост за досегашното управување на МАР, кое, според членките, не придонесе доволно за развојот на секторот ниту за унапредување на транспарентноста и инклузивноста во донесувањето одлуки.

Во изминатиот период, членките на МАР укажуваа на недостигот на јасна визија и проактивен пристап за справување со предизвиците на рударскиот сектор. Проблемите со застарени организациски практики, отсуство на ефективна комуникација со надлежните институции и неподготвеноста за соочување со новите законски барања – сето тоа го доведе секторот во позиција која бара итни и суштински промени.

Македонската асоцијација за рударство, како највисоко струково тело во рударството, мора да ја врати својата улога како двигател на одржлив и одговорен развој, со јасен фокус на заштита на интересите на членките, почитување на животната средина и одговорност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вонредната седница на која ќе се избере нов претседател на МАР и ќе се разгледаат предлозите за реорганизација ќе се одржи денес, 29 мај 2025 година. Оваа седница е можност за обновување на довербата и за воспоставување на ново, поефикасно раководство кое ќе ја гарантира иднината и развој на рударскиот сектор.

Членките на асоцијацијата остануваат цврсто посветени на мисијата за развој на секторот, со почитување на највисоките стандарди за транспарентност, професионалност и соработка со сите засегнати страни.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace