БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонски манифест: ЈАВНА ОСУДА НА ИНКВИЗИЦИСКИОТ ЛИНЧ НА ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод јавниот линч инициран од страна на Министерот за локална самоуправа Горан Милевски против Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Повардарски Агатангел со свое писмо во јавноста се јавија од Македонски Манифест:

“Министерот, таков каков што е, за локална самоуправа Милевски, полн со мравја киселина го прогласи на лице место Агатангел по неговиот родољубив говор на закројување на лозјата во Кавадарци за штетник, налик на штетниците што ги уништуваат лозјата, портретирајќи се всушност самиот себе според образецот на Фројд. Себе како штетник на лозјето со име Македонија, а истовремено и со тоа портретирајќи ги загарите и ловџиите што се одврзаа од синџирите на елементарната свест и самоконтрола и без размислување се впуштија во лов на Владиката со инквизициски канибалистички нагон за негово јавно линчување без пардон. Од медиумите посебно во таа инквизициска хајка предничеше весникот „Слободен печат“ колку што е навистина слободен, донесувајќи разноразни инквизициски мислења и препорака за тоа како и што треба да се стори за евентуално владиката Агатангел да се тргне засекогаш како пречка на волците против македонизмот од сцена, со отворена препорака до Синодот да го расчини. А расчини, значи растргне, остаток на расчинителите од епохата на канибализмот за која пишува Фројд во „Тотем и табу“. Навистина тажно и срамно (нешто што не го разбира госпогата Ана Павловска-Донева намирисана со јак антинационален мирис) па се послужува (пак е на дело Фројд) со потсвесниот рефлекс на (авото)проекција со својот срам да го нагрби другиот. Нормален човек со здрава рефлексија да чита и да се згрози од весникот чии новинари од сѐ срце (веројатно и не бесплатно) навиваа за идентитетската ликвидација на Македонците во Преспа 2018, демек фаворизирајќи ги евроамериканските вредности на демократијата која никогаш не пристигна, нити ќе пристигне во Македонија се додека постојат суштества од таков сој, „синови-изроди“ како што велеше Гоце против својот род. А и таа демократија е лажна и корпоротивна, понижувачка за малите и сиромашните. Страшна е таа инквизициска хајка против владиката Агатангел од аспект на македонската состојба катадневно ништена до последен атом од актуелната власт, која по најголемиот македонски злосторник Заев сега ја предводи Ковачевски со истата глава на рамењата. Тој побрза со случајот Агатангел, моделиран од домашната инквизиција, да изјави дека е најважно за државата нејзината секуларност, она што го изјави „стручњакот-аналитичар“ и новинар Бранко Ѓорѓиевски. А ни едниот ни другиот не го разбираат тој поим. Всушност, секуларноста како што ја сфаќаат-несфаќаат Ковачевски, Ѓорѓиевски и другите ловџии и загари на оваа инквизициска хајка. Оти секуларноста, како што ја сфаќаат крајно површно тие, не значи по дефиниција и безбожност. Имено, затоа и се безбожници тие. За да ја поткрепиме, пак оваа (хипо)теза ние им го даваме примерот Волтер, водечката личност на француските енциклопедисти и француското просветителство како плод на француската буржоаска револуција. Како што е познато, и никој не би го одрекол тоа, тој е архетип на европскиот секуларизам кого апсолутно не го разбираат Ковачевски и Ѓорѓиевски, ама притоа тој не отфрли Бог во себе и неговото морално и етичко начело за Правда и Вистина, оти тој до крајот на животот ја задржа во себе религиозната супстанција како деист (нека го отворат лексиконот Ковачевски и Ѓорѓиевски да видат што е ова чудо). А деист беше еден од најголемите европски филозофи Спиноза. Толку за стручнаците, експертите и аналитичарите кај нас за секуларизмот кого го сфаќаат крајно шизофренички како расцеп меѓу Бог и Човекот, притоа отфрлајќи го Бог како штетник за лозјето, како што би рекол простачки оној во сѐ неук и апсолутно калпав во интелигенцијата министер Милевски. Оти како што рече Ниче „Бог е мртов“ имено поради таквите како овие ловџии и загари во „Слободен печат“ и во останатите (не)наши медиуми. Да. Ама Ниче не беше глупав, како што мислат неуки тие, за да не верува дека постои Бог. Едноставно тој само, како и Хелдерлин пред него, кажа дека се уништени „трагите на светото“ од хиените на капиталот (кај нас исто така) и дека Бог е мртов не на небото туку во човекот. А човекот без Бог како што се тоа во оваа ситуација сите ловџии и загари во инквизициската хајка против владиката Агатангел, е едноставно способен само за зло, оти како што рече и Достоевски, сијамски близнак на Ниче, „ако нема Бог сѐ е дозволено“. Како што им е, впрочем, во оваа инквизициска хајка дозволено на ловџиите и загарите што го бркаат како ѕвер владиката Агатангел за да го доведат на клада. Токму за тоа, ако сфатија и сфаќаат од ова секуларистите кои мислат дека најголемо достигнување на модерната цивилизација е безбоштвото. А, рековме, најголемиот европски секуларист Волтер не мислел така. Не мислел така, рековме, ни Спиноза, ни руските религиозни филозофи Берѓаев, Мерешковски, Шестаков и Лоскин. Тоа, другари локални секуларисти. Да. Но најтажна и, би рекле, и најсрамна во сета оваа инквизициска хајка на владиката Агатангел е изјавата на владиката Тимотеј, митрополит на Охридската епархија. Скратено тој вели: „МПЦ е национална, божествена и човечка црква, која ги обединува и не ги дели луѓето. Ние не можеме да бидеме подржувачи на ниедна партија“. Итн. И тоа е гласот на портпаролот на МПЦ. Сеедно, но владиката Тимотеј не може да им ги замачкува очите на Македонците (било верници или атеисти), кои знаат дека Синодот на МПЦ не крена ни прст кога се ликвидираше македонскиот идентитет во Преспа. Напротив, познато е перверзното кокетирање на Синодот со Заев што се гледаше од авион. А потоа краен срам на тоа одродништво од идентитетот е и брутално срамниот по Белград излет на Синодот во Софија за да ја бранат мајката кај бугарската егзархистичка хиена. Да. И, што ќе кажете на тоа, владико портпарол на Синодот што ја продаде без око да му трепне македонската кауза. Јанѕа нѐ јаде дека и тоа беше некој вид секуларна политичка операција, диктирана од некои темни домашни и странски центри за докусурување на македонскиот генерички, национален идентитетски суверенитет. И, што ќе кажете за ова владико-портпарол на МПЦ, која со овој бесрамен гест ги продаде, како трговци во Храмот, националните и идентитетските интереси на македонскиот народ? Што? Па знаете ли и вие и тој архиерејски Синод кој е генеричкиот извор на македонската црква? Знаете ли дека е таа првоапостолска црква, црквата на апостол Павле и Лидија Македонката? Знаете ли, или потонати всушност во калта на „секуларизмот“, која сега му ја фрлате заедно со инквизициските ловџии и загари врз лицето на Агатангел, или не знаете за тоа. Дали ја читате со свети или со секуларни очи Библијата, која е писмо не на адаптибилни политикански анегдоти, како што ја сфаќате вие, туку на шифри за кои е потребен клуч на умот и инелигенцијата, за да ја откриете нејзината света тајна? Тоа, владико Тимотеј, вие што ја браните МПЦ, која сега, посебно со нејзиниот перверзен бугарски излет, ја проституирате и Невестата Христова. Нели? Оти, се надеваме дека знаете дека Црквата е најубавата метафора на Светото писмо. А вие со Синодот неа ја одведовте како ороспија во бугарскиот бордел. И сѐ тоа како да беше една, од некои структури, фингирана слика на сѐ она што ни се случува сега со хиената Бугарија. Да, владико Тимотеј, и зошто, на пример, не се крена прашина за секуларноста и светоста како црковна тема кога владиката Партениј на Бигорскиот манастир, со бугарски изроднички печат на челото, го прими тотемот, фиданка на Кан Аспарух, Румен Радев за да го извалка тоа свето македонско место. А Бигорскиот манастир е во вашата епархија. Зошто не реагиравте вие како портпарол на МПЦ да го осудите тоа богохулие, туку го премолчавте, а сега се јавувате со една перверзна изјава за Агатангел, демек и да кажете дека Светиот Синод на МПЦ (ако воопшто е свет, во што се сомневаме) „е национална, божествена и човечка црква“. Да. Оти со потегот со Бугарите кај си ја баравте мајчината, наместо кај Павле и Лидија, вие, за жал, покажавте дека не сте ни национална, ни божествена, ни човечка институција. Само да ве потсетиме најпосле сега дека против оваа бласфемија на барање на мајката, кај егзархистичката хиена од Синодот, кого вие го нарекувате свет, беше единствено владиката Агатангел, осамен борец од Синодот за македонизмот. И, токму затоа, владико порпарол Тимотеј тој не ги раздвојува, туку ги обединува Македонците, нивното здраво ткиво кое во оваа идентитетска катасреофа треба да преживее. Да преживее и да и се врати на својата идентитетска прагенеза на која вие и останатите архиереи од Синодот, простете, ја обесветивте. Секуларно. Ништо од херојскиот етички и морален пример на нашето свештенство во блиското и подалечното минато, кое се саможртвуваше за својот род со знамето „Слобода или смрт“, победувајќи ја како Исус смртта со смрт и преобразувајќи ја во вечен живот. Во Слобода, која им е забранета на Македонците од страна на меѓународните, балканските и домашните изроди. А вие владико Тимотеј размислете каде сте во оваа трагична македонска ситуација, вие и архиереите на МПЦ. Размислете. А што се однесува до владиката Агатангел во чија инквизициска хајка на отпуштените од синџирите загари и ловџии се вклучивте, воленс/ноленс, како портпарол на МПЦ, тој кажа јасно на чија страна е: на страната на родот, на Македонците столчени со Преспа 2018, не за да ги раздели туку да го разбуди и обедини здравото македонско ткиво за ренесанса, за обновено постоење во срцето што отчукува со свадбарски седумосмиски такт на исконот на нашето автентично постоење. А вие ловџии и загари на македонската инквизиција продолжете како „секуларни“ мршојадци да душкате и трчате со канибалистички нагон по светите стапки на сите Македонци што ги благослови пред столетија апостол Павле како „народ од почеток избран за спасение на светот“. Хајката на инквизицијата ќе заврши. Нема да има клада, како што сакаат ловџиите и загарите. Ќе има, за нивна жал, спасение и обнова на Македонија и македонизмот. Тоа владико Тимотеј, ловџии и загари на „секуларизмот“ испран од супстанцијата на Бог и божественото. Оти „ако нема Бог сѐ е дозволено“ (Достоевски) и човекот е „отаде границите на доброто и злото“ (Ниче), без да знае кој е и што е, и зошто постои како вие впрегнати во инквизаторската хајка по Агатангел, богоугоден свештеник, родољуб и борец за Македонците да се вклучат во струјата на цивилизацијата „како поле за културен натпревар меѓу народите“ (Гоце), она што вие инквизициски хајкачи не го знаете бидејќи сте со стеснат ум, не богоугодни, туку цревоугодни, кои не гледате ништо и кои не знаете со стеснатиот кетмански ум да го дефинирате ни секуларизмот со кој толку многу се гордеете како да е тоа демек клуч за решавање на сите проблеми и на спасение на човекот. Покријте се и замолкнете, не бидете штетници и црви како оној несреќен министер на локална самоуправа, штетници што го уништувате и гнасите златното македонско Господово лозје. Веројатно нешто за тоа ќе треба да кажете и на Страшниот суд горе, каде ќе биде измерена секоја ваша прашинка од глината со која ве создае Јахве, а која вие ја опоганивте. Бидете здрави и живи до тој миг.

Соопштение на Македонски манифест

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace