БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

КОЛАПС НА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Производството на електрична енергија од сопствени производни капацитети е повторно во колапс. Во момонетов еве каква е состојбата со производните капацитети на ЕЛЕМ:
Блок 1 во РЕК Битола е надвор од погон поради нова хаварија на котелот и истиот не е модернизиран
Блок 3 е надвор од погон од ноември 2021 година и не се поправа после пожарот и хаваријата на енергетскиот трансформатор предизвикана од човечки фактор од недоволно приучен раководен кадар на ЕЛЕМ,
ТЕЦ Неготина е надвор од погон поради неисчистени доводни канали за ладилна вода на термоелектраната
РЕК Осломеј стандардно нема обезбедено јаглен за нормална работа
Хидроакумулациите се целосно празни и не може да произведуваат електрична енергија
Во погон е само Блок 2 во РЕК Битола, но со половина моќност на граница на технички минимум.
Таканаречените “експерти од СДСМ и ДУИ“, самонаречени „шампиони во енергетиката“ , кои блеснаа и се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот.
Неспособноста и некомпетентноста, поставувањето на партиски кафански кадри донесени со стручни квалификации за свирачи, рецепционери и автомеханичари поставени на раководни позиции во АД ЕЛЕМ и РЕК Битола се дополнителна причина за ваквата катастрофална состојба на енергетските објекти. Се поставува прашањето дали сето ова е со намера за да се користи состојбата за полнење на нечии приватни сметки на терет на македонските граѓани?
Деновиве најчувана тајна е колкав е моменталниот увоз на електрична енергија и по која цена ќе го платиме ова дилетанство и неспособност на оваа власт. Овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните, бидејќи сиот недостатокот на електрична енергија е од увоз, а цените на берзите се екстремно високи.
Дали ваквото дилетанско и неодговорно управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ и ДУИ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола?
За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да си понесат одговорност!

-Соопштение на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace