Мендух Тачи во Тетово на одржаниот конгрес на Демократската партија на Албанците, беше реизбран за претседател и останува на чело на ДПА.
“ Договорот со Грција е многу важен за Албанците, затоа што сме ние и за ЕУ и за НАТО. Сега во Македонија многу луѓе велат и мислат дека договорот нема да помине. Јас само можам да им порачам да бидат мирни, затоа што овој Догвоор ќе помине со оглед на фактот дека тој е најголемата капитална инвестиција на државата, а ние сме на границата на егзистенција и само со него односно со влез во ЕУ и НАТО можеме да опстанеме.
Многу албански граѓани гласаа за СДСМ односно за македонска партија. Јас сега ќе ги прашам дали живеат тие подобро. Не, Албанците во економска смисла живеат многу лошо. И можеби како Албанци имаме индивидуална благосостојба, но немаме колективна благосостојба. Бадијала ќе ни биде интегрирањето во евроатлантските структури ако во државата немаме консензуален начин на донесување одлуки, како што е и во ЕУ.”
– Изјави Тачи на конгресот.
Тој го избра и новото претседателство на партијата. Се работи за нови пет потпретседатели. Познати се Имер Алиу – како нов генерален секретар на партијата, и Илјаз Халими – претседател на Централно собрание.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи