Сеќавам одамна беше… Во свет на човечки инает, самобендисаност, заслепен од сезнание, енергија и подготвеност да го менувам светот според моја лика и прилика, успеав само себеси да се прелажам.
Светот не се менува, но затоа смогнав сили за јас да се променам…
Од тогаш сретнав многу луѓе, пријатели, познаници, соработници, љубови, симпатии, непријатели, завидливци…
Најмногу од се ме радува што сретнав прекрасни луѓе (мои сограѓани) во руралните средини во целава наша општина од кои од секој еден имаше што да се научи…
Трпеливост, љубов кон сите живи нешта, разбирање на вистинската суштина на состојбите, процесите и нивната меѓусебна поврзаност, трудољубивост, горделивост, весел народен дух…
Научив како луѓето живеат во соништа, се помируваат со она што го имаат и наоѓаат среќа во тоа, на овој начин создавајки нова среќа, нови вредности за себе и околината…
Научив дека за среќа не треба многу…
Треба едноставна насмевка, треба длабок поглед, топлина на допирот на дланките….
Треба разбирање, почит и толеранција.
Треба љубов кон сите нешта, прифаќање на различностите како богатство…
Треба јазикот на уметноста да го обои нашето секојдневие низ закономерноста на природните закони.
Сеќавам одамна беше кога на моменти застанував вчудоневиден кога гледав луѓе како во секојдневна борба за гола егзистенција, радост наоѓаа во прегратките на своите семејства… Неизмерна радост наспроти сите убоди во грб од надворешниот свет…
И гледав како со секој нов ден се повеќе и повеќе имаа доблест да им одолеат на сите закани на микропросторот во кој живеат…
Со љубов кон околината, со силата на семејната поврзаност…
Нема подобро нешто од споделена насмевка…
Кон остатокот на се она што се вика објективност..
Надвор од субјективноста…
Различни сме толку колку што не знаеме.
Луѓе што учат од своето незнаење не можат да бидат различни.
А животот продолжува и без наше знаење.
Сеќавам како сакав се да знам…
Дознав дека единствено што ми треба да знам, е да знам да сакам.
Да ги сакам сите живи нешта.
Она што беше материја, пред идејата за раѓањето на животот.
Многу реалност пред тоа а и многу по тоа…
Во една магична сфера без свој почеток и крај.
На работ на спознанието па и понатаму.
Пишува: Кирчо Анастасов
-фејсбук статус објавен на 06.07.2016 година
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
“Дуинг” бизнис со огромни количини дрвна шумска маса, стана инструмент за ширење паника и хаос за политички цели
За силна држава Македонија, потребни се силни Македонски одлуки, Премиерот да опстои до крај на својата најава!
Две Европи