На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека напуштањето на работната група за измена на Изборниот законик од страна на СДСМ е во директна координација со владејачкото ВМРО-ДПМНЕ.
,,СДСМ во заговор со ВМРО-ДПМНЕ, а со цел задржување на бипартизмот и на позицијата на нивното компромитирано раководство, излегуваат од процесот за носење на нов Изборен законик. Кога македонското општество е созреано за воведување на една изборна единица,
СДСМ ќе одигра ја улогата која му е потребна на ВМРО-ДПМНЕ за кочење на овој процес.” – изјави Мециновиќ.
Мециновиќ потсети дека постоечкиот изборен модел е недемократски, каде во едни изборни единици е потребно речиси двојно повеќе гласови
за да се обезбеди пратеник.
,,СДСМ како компромитирана опозициска партија очигледно, го кочи процесот на сметка на ВМРО-ДПМНЕ и на еквилибриумот на бипартизмот, така што ние уште еднаш повикуваме на притисок од јавноста за откочување на овој процес за носење на нов Изборен законик и за воведување на една изборна единица пред сѐ, како и сите други реформи кои може да допринесат до поголемо вреднување на гласот на граѓаните на Република Македонија.” – заврши пратеникот од Левица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации
Апасиев: Фрлете им ја медицината на кучињата, таа и онака веќе не е за сиромашните