Во врска со обвинувањата на Зоран Заев кој е најодговорната личност во државата за севкупните состојби во Република Македонија, дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги делеле граѓаните по етничка линија во обид да се додвори на албанскиот политички електорат, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му одговори на нему својствен начин.
“Вчера го слушам Заев, од Тетово, како говори за чиста Македонија, во некаков етнички контекст и тоа го поврзува со нас, ние тоа сме го зборувале. Гледам и се чудам на убеденоста дека со уште една лага ќе се прикаже како спасител на етничките заедници, а ние ќе бидеме лошите, назадните.
Прво, никогаш не сум изговорил такво нешто, не е дел од мојот речник, ниту размислување. Но штом сме на темата, јас сум за ИСЧИСТЕНА Македонија од КРИМИНАЛЦИ и ИЗМАМНИЦИ.
Не ги сакам, ниту правам пактови со криминалци кои ја враќаат Македонија назад.Понатаму, Заев зборува дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се распаднела, ќе имало развод на бракот… Нека гледа во својот двор бидејќи според неговата логика тој веќе се раздели со многу партери од коалицијата: ЛДП, ДОМ, Беса, делумно и со ДУИ.. Кај и да е, по изборите, ќе ја свират песната “Побегуља” од Зона Замфирова. Интересни епизоди кои асоцираат на познатата серија, допрва ќе гледаме.”
-соопшти Мицкоски на еден од митинзите во рамки на актуелната предизборна кампања.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ