БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски и Орбан заедно со цврста соработка за афирмација на стратешките цели на Република Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со Потпретседателот Александар Николоски денеска остварија работна средба со Премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на Мицкоски во врска со средбата:

Денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski во Будимпешта остваривме средба со Премиерот на Република Унгарија Orbán Viktor.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кои таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу нашите партии во рамките на Европската Народна Партија.

Посочив дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.
Во тој контекст изразив загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.

И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции.

Недостатокот на владеење на правото го следат и лоши економски резултати. Наспроти нереалните фалби на Владата и премиерот, граѓаните не живеат подобро, а сиромаштијата и иселувањето стануваат акутни проблеми.
На средбата стана збор и за песпективите за меѓусебна соработка особено во пресрет на Конгресот на Европската Народна Партија каде ВМРО-ДПМНЕ и партијата на премиерот Орбан се сестрински партии членки.
Истакнав дека сум за развој на меѓусебната соработка и афирмација на стратешките цели на Република Македонија.

Средбата со премиерот Орбан, која беше на државно ниво и со официјален пречек, се случи во неговата официјална резиденција во замокот “Кармелита” каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace