Поранешниот министер за правда на Република Македонија после скандалозното гостување на амбасадорката Анџела Агелар на една национална телевизија во кое се закануваше на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски упати преку социјалните мрежи своја реакција во врска со искажаните тези од страна на Агелар:
“USA AMBASADOR
ANGELA AGELER
Амбасадорката АНГЕЛА АГЕЛЕР не советува да го заборавиме минатото и да гледаме во иднината!?
Дали случајно г-ѓа АГЕЛЕР заборава дека тие што ни го рушат минатото, ни ја рушат иднината. Тие остануваат неказнети од политички, а не од правни причини.
На Македонија и го сменија името. И го рушат македонскиот национален идентитет, со отворена националнс и културна агресија.
Македонија ги имаше исполнето сите критериуми во 2008 и 2009 година, подобро и од Бугарија и од Романија, беше рамо до рамо со Хрватска, но додека тие отидоа во ЕУ, Македонија ја оставија да чека пред вратите на ЕУ.
Само на Македонија, како на експериментално црно глувче и поставија билатерални историски прашања во преговарачката рамка, како на ниту една друга земја, спротивно на Копенхагенските критериуми. Бугарија ни стави ВЕТО, без никаков основ и остана неказнета.
Зошто амбасадорката АНГЕЛА АГЕЛЕР не е загрижена за грубото кршење на човековите права на македонците во Бугарија.
Таа НЕ ОДГОВОРИ на прашањето зошто Бугарија од 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права од Стразбур не спровела ниту една пресуда! Пресудите се донесени против Бугарија за грубо кршење на правата на Мекедонците, кои немаат никакви права. Го немаат и елементарното човеково право на здружување и изразување на јазичниот, културниот и националниот идентитет.
И што сега, со кој образ се залагате и барате да се измени Уставот и бугарското малцинство во Македонија кое е помалку од 3.500 граѓани да влезе во Уставот, а не се грижите за над 200.000 македонци во Бугарија, кои немаат никакви права.
Тоа ли е правда? Тоа ли е почитување на човековите права гарантирани со многу меѓународни прписи и Европската конвенција за основните човекови права и слободи.
Тоа ли е “реалниот” извештај на Стејт департментот за човековите права во светот? Дали тој извештај има нагласена политичка димензија, а не заложба за реално остварување на човековите права? Дали тој извештај е во
функција на човековото слободно живеење и изразување на својот идентитет. Да беше поинаку, досега за повеќе од 15 години ќе се реализираше барем една Пресуда на ЕСЧП од Стразбур, а не е реализирана ниту една.
Екселенцијо Агелер,
Повторно многу грешите. Кога еднаш ќе настапите без ЗАКАНИ и барем со елементарно почитување на македонскиот народ.”
-напиша Маневски на фејсбук
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија