Интегрален текст на прес конференција на Д-р Никола Костадинов, вработен во Клиничка болница Штип:
“
Од побарани 15 согласности за вработување доктори во Клиничката бочница во Штип, кои не се доволни одобрени се само 8 и тоа за оние кандидати, кои се во тесни и блиски врски со лица кои се дел од владејачката СДС.
Порачуваме на кандидатите кои не се избрани дека оваа крајно неспособна Влада наскоро ќе замине во историјата,одложете го пакувањето на куферите и заминувањето во странство.
По целосното отсуство на стратегија за изградбата на Клиничка болница во Штип сведочиме и за целосно отсуство и на стратегија на кадар кој лекува – лекари, средно-медицински кадар и помошно-технички персонал.
Неспособноста и неодговорноста врши поткопување на јавното здравство со НУЛА инвестиции во човечкиот потенцијал.
Многу бргу по промената на власта ќе започне процес на обновување на здравствениот систем во целост преку имплементирање на стратегијата на млади лекари која ќе развие методологија и правци за да се вратат младите и да останат да работат во Македонија.
Д-р Никола Костадинов, вработен во Клиничка болница Штип
“

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”