Порталот Вечер.мк известува за објавување на повеќе од 20 тендери од страна на министерката за труд и социјална политика во оставка, Мила Царовска. Тоа Царовска го направила на самиот ден кога ја поднесува оставката и треба да стане вицепремиер за економски прашања во техничката влада.
Притоа од порталот прашуваат :
Дали со овој потег пред да ја напушти позицијата Царовска ги наградува компаниите блиски до СДСМ и купува гласови во пресрет на изборите?
“-Министерството за труд и социјална политика не е единствениот пример каде масовно и во голем број се доделуваат тендери или вработувања. Јавноста веќе реагираше на масовна партизација на администрацијата. На страницата на Агенцијата за администрација моментално има 247 огласи за вработувања во државната администрација. А исто така веќе неколку денови во МВР се делат решенија и прераспоредувања до доцните вечерни часови.
-Министерствата каде треба да има технички и дополнителни министри деновиве како да се во трка со времето. Очигледно дека владата во заминување е во паника поради напуштањето на власта и се помалиот рејтинг и незадоволство кај граѓаните, па на секој можен начин се обидува поразот да го ублажи со предизборен поткуп.”
-заклучуваат од страна на порталот Вечер.мк.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција