Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник од редовите на оваа опозициска партија од Кочани Миле Лефков се појави на настан во градскиот парк во Кочани организиран од страна на носителот на кандидатската листа на СДСМ во третата изборна единица Љупчо Николовски додека тој тржеше мал собир со своите членови и симпатизери.
Притоа Миле Лефков го запраша Николовски зошто кандидатката за пратеник на СДСМ од Кочани не се појавува на дебата во јавноста каде би ги соочиле аргументите со своите политички противници, како и за големиот број флаери кои што беа расфрлани низ цела Општина Кочани со црна кампања на кои што го има името на носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Овие прашања Љупчо Николовски ги одмолче.
Во продолжение погледнете го видеото од овој настан:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
Иван Гоцевски: Mора да се бориме за целосна рамноправност меѓу жените и мажите, што ВМРО-ДПМНЕ во Делчево на силен начин го докажуваме
В.д. градоначалникот на Кочани Крстевски потпиша грант за нови 5 илјади водомери на територијата на општина Кочани