БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Миле Лефков: Нема место за наконтени пресови на министер кој го укина концептот на бесплатно образование!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Лефков денеска одржа прес конференција во родниот град на која ја прозва министерката за образование и наука Мила Царовски како најдиректно виновна за состојбите во кои се најде македонскиот образовен систем.

Мила Царовска беше во посета на Кочани и во обид за претставување на “розевата” слика во нејзиниот ресор одржа пропагандна прес конференција на која специјално беше демонтирана од советничката сала и монтирана на отворено советничката говорница за да изгледа нејзиниот пропаганден монолог поубедлив пред кочанската јавност.

Токму за тоа меѓу другото реагираше и пратеникот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на неговата прес конференција чиј што текст го пренесуваме во целост во продолжение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Нема место за наконтени пресови на министер кој го укина концептот на бесплатно образование!

Вчера токму овде во Кочани министерот за образование Мила Царовска со наконтен пресс несакајки покажа како НЕ функционира образованието во Македонија, и во Кочани!

Одржа наконтена прес конференција за која општината ја демонтира советничката говорница и ја донесе во дворот на “Кирил и Методиј”, новинарите сами си донесоа камери, микрофони и сталаци. Медиумите сами ја монтираа снимката на сопствени компјутери, а за министерката остана само да се грижи за сопствениот “стајлинг” пресс ист како образованието кое таа го организира! Родителите сами обезбедуваат простор каде детето ќе ја следи наставата, сами набавуваат микрофони, веб камери и интернет, наставниците сами си обезбедуваат опрема…

Нема простор за наконтени прес конференции министерка на која:

1️⃣. 10% од учениците и немаат можност за следење на онлајн настава. Нема простор затоа што тој министер е дел од Владата која не се ни обидува да им обезбеди услови. МОН цел месец само врши пребројување на учениците кои не ја следат наставата.Нема простор за прес конференција министерка која го укина концептот на бесплатно образование!

2️⃣.Компјутерите и опремата на која работат учениците е набавена токму од нивните родители а на некои ученици им е донирана од приватниот сектор!

3️⃣. Наставниот кадар не е комплетно опремен со лаптоп и стабилен Интернет. Во речиси сите училишта во Кочани, поради нестабилната Интернет врска, на наставниците им е понудена опција часовите да ги држат од дома, на сопствени лаптопи и Интернет конекција!

⚠️Дел од опремата кои наставниците ја користат е всушност опрема , која училиштата ја обезбедиле за настава по практична настава, по информатика, за настава по техничко цртање т.е.опрема наменета за користење од страна на учениците ама сега истат ја користат за наставниците да држат он лајн настава! Што значи министерството ја одземало оваа опрема од учениците и ја користи за потребите на училиштата за кои министерката има обврска да им обезбеди соодветна опрема!

4️⃣.Националната платформа која на големо беше најавувана како да станува збор за вселенска програма, сеуште не функционира, и според кажувањата на МОН тоа скоро нема да се случи. Целата настава се изведува преку Microsoft Teams, што е недоволно за спроведување на онлајн настава. (Наставниците решаваат задачи на лист и им ги покажуваат листовите на учениците)

5️⃣. Критериуми за оценување – беа дури во понеделник објавени, недоволно јасни, без конкретни и усогласени решенија на она како реално се изведува наставата!

6️⃣. Сеуште не се објавени дел од скратените наставни програма за стручните предмети, а се објавени делумно само за општообразовните. Од друга страна, службите во училиштата бараат од наставниците да достават глобални и тематски планирања.

⚠️Образованието, за жал, во моментов е оставено само на себе односно на способноста за самоорганизација на наставниците, родителите, учениците и на чувството за општествена одговорност на дел од приватниот сектор кои донираат опрема!

(Странската инвестиција Амфенол токму вчера, за нивниот роденден додели голем број на ИТ опрема за учениците)

Благодарност за упорноста и посветеноста на сите нив!

Мила Царовска нема место за наконтени и безначајни прес конференции, затоа што образованието не функционира!”

https://www.facebook.com/LefkovMile/posts/195252075446116

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace