БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мимоза Рајл: Членовите на опозицискиот Институт за филозофија кои ги познавам се или симпатизери или членови на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Молчев долго време во врска со новите реформи во средното образование, но работава толку се исполитизира што не остана простор за критичко мислење. Целава политичка хајка против законските реформи во средното образование дојде поттикната токму од опозициониот Институт за филозофија, што патем речено оние кои таму предаваат и ги познавам се или симпатизери, или членови на СДСМ. Затоа хајката е дефинитивно политичка!

Би сакала да прашам – со што се загрозени професорите на тој институт? Доколку се потрудат и направат интересни наставни планови и програми и ги заинтригираат студентите, ниедни реформи не им можат ништо, студентите ќе се запишуваат и понатаму кај нив. Но пазите тие тоа не го сакаат, тие треба да си останат арогантни професори од стариот ков кои што никогаш нема да ги научат студентите на животна филозофија за што се платени. Затоа што ароганцијата не е духовност, а тој институт бара креативци. Ете си ја сакаат својата удобна позиција!

Постојат главно два типа на мозочно ориентирани луѓе, или до вистината доаѓаат по логичко – математички пат, или пак до истите сознанија доаѓаат со помош на креативноста. Целта е иста само патиштата се различни. Отаде, талентот или наклоноста, ќе се однесува на едната или другата група предмети. Зошто да го малтретираме ученикот да учи нешто што не е негова страст или креативен поттик? Зошто ученикот да седи на часови а неговиот мозок тоа градиво тешко го процесира? Зошто на тој начин да му создаваме аверзија да оди на училиште? Зошто уметник да малтретираме со децимали и дупли квадратни равенки? Или пак кај математеричар да инсистираме да учи метафизика? Нивните мозоци едноставно не се издизајнирани за тоа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Затоа и Платон кој што го цитирате, токму тоа го вели, ама дали го разбравте? Тој пред својата академија напиша: “Не влегувај тука ако не знаеш математика или музика”, алудирајќи токму на тоа, дека она што логичарите го сфаќаат, уметниците го дознаваат на поинаков интуитивно – креативен начин.

Отаде, изборот на предметите ќе ја направи наставата по интересна за сите. А дали ќе бидат вашите предмети избрани, аман бе професори, дајте се од себе заинтересирајте ги учениците да ги слушаат вашите предавања. Ако сте вљубеник во она што го работите, знаете како да се поврзете со тинејџери, го разбирате и сакате она што го предавате, ви гарантирам нема да имате проблем и тие вашиот предмет ќе го бираат. Но, во случај да не сте сево ова, тогаш дајте размислете дали тоа место го заслужувате?

Тогаш ве молам дајте им шанса на оние професори чиј најголем сон е да подучуваат и тоа го прават извонредно!

-реакција на професорката Мимоза Рајл

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace