БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: За нас патриотски e да обезбедиме повеќе вработени, давање повисока плата, инвестиции, луѓето да си ги задржиме дома

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На својата последна прес конференција во текот на вчерашниот ден Премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за она што е можеби најважна агенда на Владата во тековниот мандат од превземањето на власта пред 7 месеци. Станува збор за широкиот корпус на активности, мерки и политики кои ги превзема владата на чело со премиерот за подобрување на економската клима во Македонија преку зголемување на нивото на инвестиции за развој на стопанството и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата за странските директни инвестиции оваа година, изјави:

„Од бројките којшто јас ги имам на располагање, заклучно со ноември месец, имаме во 2024 година повеќе од една милијарда, мислам околу милијарда и четириесет милиона. Што ако се преведе по глава на жител и процент од бруто домашниот производ е, за нас, најголемиот резултат, историски гледано.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Очекувам тој тренд да продолжи и во оваа година, во 2025 година заедно со домашните инвеститори и очекувам тоа да биде драјвер за голем раст на македонската економија и бруто домашниот производ, нешто коешто нас ни е потребно насушно после неколку години стагнација или мачење во развојот.

Така што ние како Влада сме целосно ориентирани и поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании и веќе зборувавме и со претседателот на Комората, кажавме дека оние 250 милиони евра коишто беа ветени, конечно од денеска, сите формалности се завршени, ајде би рекол од понеделник веќе ќе може да биде ставен на располагање на стопанството.

Така што, еве уште еднашка да кажам дека имаме исклучителна соработка, како Влада сме ориентирани во таа насока да го поддржуваме бизнисот. За нас патриотски чин претставува повеќе вработени, давање повисока плата, инвестиции, луѓето да си ги задржиме дома. Тоа е она коешто претставува наша заедничка цел,“

-рече Мицкоски на својата изјава за јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace