Учебникарството во Македонската традиција завзема значаен дел кој се втемелил во самобитноста на Македонската нација. Од таа причина издавањето на нови учебници на Македонски јазик е своевидна силна борба за опстој, афирмирање и унапредување на Македонското постоење.
Во тој контекст денешната промоција на првиот интегриран учебник на македонски јазик „Гинекологија и акушерство“ на Медицинскиот факултет во Скопје е своевиден подвиг кој што го заслужува вниманието на јавноста.
На настанот за промоција на ова образовно помагало кое што е од огромно значење за сферата на образованието кое што ја опфаќа самиот учебник, присуствуваше и Министерката за образование и наука Весна Јаневска која што имаше можност да се обрати пред присутните и да го поздрави овој чин.
“
Денес на мојот матичен факултет каде го поминав работниот век како професор, присуствував на промоцијата на првиот интегриран учебник на македонски јазик „Гинекологија и акушерство“. Ми беше чест што заедно со авторите, професорите и студентите го одбележавме овој успех!
Овој учебник е значаен чекор кон унапредувањето на медицинското образование. И во ова време кога студентите одлично владеат барем еден странски јазик, учењето на мајчиниот – македонски јазик овозможува најефективно стекнување трајни знаења.
Знам дека за идните гинеколози и акушери новиот учебник ќе биде големо олеснување. Тие одбрале благородна професија и тој ќе им помогне во успешно совладување на знаењата.”
-напиша на социјалните мрежи Минисерката Јаневска.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп