На денешниот отворен ден за Бизнис кој што Економскиот факултет од Љубљана го одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија, во изјава за медиумите Министерката без ресор за привлекување странски инвестиции рече:
Од состаноците и средбите што ги имам со инвеститорите веќе имам позитивни информации дека почнуваат да ги враќаат назад. Последната информација е дека веќе се вратени двајца образовани и подготвени кадри во една наша странска компанија.
Во предизборниот период во 2016 година актуелната власт (тогаш опозиција) наголемо ја пласираше тезата дека имало голем број на исселени млади од државата и дека нивна приоритетна цел ако ја добијат власта ќе биде враќањето на младите високосѕтучни кадри во државата.
После речиси две години власт на актуелната Влада под раководство на Зоран Заев ја соопштуваат оваа информација која секако е за поздрав, иако граѓаните очекуваат ваквиот позитивен пример малку побргу да почне да се реализира.
Фото извор: www.vlada.mk


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија