Денеска, по повод големиот празник 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, ја имав честа да присуствувам на света литургија и свечена литија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево – храм кој не е само духовен, туку и културен симбол на градот.
Делчево денес зрачеше со посебна енергија. Гостопримливите делчевчани, со својата топлина и достоинство, уште еднаш покажаа што значи вистински да се негува традицијата, верата и заедништвото. Им благодарам за убавиот пречек, за искрените насмевки и за чувството на заедничка гордост што го споделивме.
Празникот на светите Кирил и Методиј претставува симбол на духовното и културното будење на словенските народи. Со нивното бесценето дело тие ги отворија вратите кон описменувањето и духовниот развој, поставувајќи ги темелите на македонскиот јазичен, културен и духовен идентитет.
Нека ни е честит Денот на словенските просветители – Светите Кирил и Методиј! Да продолжиме по патот што ни го трасираа, со почит кон словото, вера во знаењето и љубов кон татковината.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип