После долги години застој штети, политички препукувања, конечно денеска светлото на денот го виде новиот архитектонски проект за новата Универзална сала во Скопје
Преку социјалните мрежи Министерот за култура и туризам Зоран Љутков сподели информација за главните карактеристики на проектот
“Денес пред македонската јавност го презентиравме визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.
Клучни моменти од проектот:
Ќе се задржи постоечката форма – во чест на колективната меморија.
Капацитет: 1.200 седишта.
Современа акустика и најнова техничка опрема (HVAC, сценска техника, LED осветлување, аудио-видео системи).
Нови современи материјали во ентериер и екстериер.
Енергетска ефикасност на објектот.
Современо и атрактивно партерно и хортикултурно решение.
Очекуваме на почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, со што ќе започне изградбата по систем „клуч на рака“.
План: изградбата да биде завршена до крајот на 2027 година, за во 2028 гордо да ја дочекаме програмата „Скопје – Европска престолнина на културата“.
Инвестиција: 20 милиони евра.
Ова не е само објект, ова е инвестиција во културата и иднината на Скопје.
Новата Универзална сала ќе биде симбол на културна размена, креативност и заедништво – достапна за сите граѓани.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во врска со денешената јавна презентација.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!