БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерство за култура и туризам: Сашо Миленковски остави неизбришлива трага во современиот македонски театар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерството за култура и туризам со длабока тага ја прими веста за смртта на истакнатиот македонски театарски режисер, драматург и културен деец Сашо Миленковски.

Со неговото заминување, македонската култура загуби еден од своите најзначајни и најавтентични театарски творци, чиј богат уметнички опус остави неизбришлива трага во современиот македонски театар. Во текот на својата повеќедецениска кариера, Миленковски реализираше повеќе од педесет театарски претстави, афирмирајќи ја македонската драмска литература и создавајќи сценски дела кои ќе останат трајна вредност во националното културно наследство.

Како режисер, драматург и директор на Македонскиот народен театар, а подоцна и драматург во Драмскиот театар – Скопје, Сашо Миленковски даде исклучителен придонес во развојот на македонската театарска уметност и во промоцијата на домашното творештво во земјата и надвор од неа. Неговата посветеност, визија и препознатлив авторски ракопис инспирираа генерации театарски уметници и оставија длабок белег во културниот живот на Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерството за култура и туризам изразува искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите и до целокупната македонска културна јавност.

Споменот на Сашо Миленковски и неговото значајно творештво ќе останат трајно вградени во историјата на македонската култура.

Креирано од:


Пренеси го гласот