БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерството за финансии предлага парите од солидарниот данок што на фирмите незаконски ги одзеде владата на СДСМ да се враќаат на две рати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска со свое соопштение во јавноста го најави предлогот на министерството за враќање на парите кои што владата на СДСМ ги одзеде од приватните компании на име на солидарен данок а потоа судот ваквата постапка на минатата влада ја оквалификува како незаконска.

Министерството за финансии врз основа на финансиските параметри и состојбата со јавните финансии предлага враќањето на овие 3 милјарди денари кои што беа наплатени во 2023 година од страна на власта предводена од СДСМ, да биде на две рати во 2026 и во 2027 година.

“Министерството за финансии постапува по задолжение на Владата за решавање на состојбата со компаниите кои уплатија средства врз основа на Законот за солидарен данок.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ До компаниите е доставен предлог исплатата да се изврши во две рати – во март 2026 и март 2027 година.

✅ Доколку правните лица не се согласат, ќе се изнајде друг соодветен модел на повеќе рати (до пет), со почеток од март 2026.

Во моментов тече процесот на прибирање на одговори од компаниите. Министерството ќе ги разгледа и ќе ја информира Владата за постигнатите резултати, со цел започнување на постапката за враќање на средствата.

ℹ️ Во 2023 година, 156 компании уплатија над 3 милијарди денари по основ на Законот за солидарен данок.”

-соопшти Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку свое соопштение упатено до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот