БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Митева: Владата на СДСМ нема пари за барањата на работниците во јавниот сектор, но има пари за златен прибор

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ја разобличи лажната грижа на владеачката СДСМ за стандардот на работниците од јавниот сектор, по гласањето против на амандманот за зголемување на нивните плати.

“СДСМ го одби амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари. Како и за се друго, така и овој пат СДСМ ги манипулира граѓаните. Нема слух за вистинските барања и потреби, нема иницијатива која го потврдува спротивното. Нема пари за работниците, но имаат пари за златен прибор, имаат пари за тендери, имаат за се само не за народот.

Исто така, пратениците од СДСМ, преку недолични, омаловажувачки и вулгарни напади ги карактеризираа работниците во јавниот сектор како лица кои не заслужуваат плата, не работат, не се ефикасни и не придонесуваат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова е вистинското лице на Ковачевски и СДСМ. Ова е нивното мислење за работниците покажано на дело, додека говорите им се полни со празни зборови дека тие секогаш биле на страната на работниците. Едно зборуваат, друго прават и не е изненадувачки затоа што се уште го користат заевизмот во неговата најлоша форма – кажувам, заборавам, негирам.

ВМРО-ДПМНЕ нема да запре тука и повторно пратеничката група комисиски ќе поднесе амандман за да може сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари зголемување на платата.

Тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени особено во време на галопирачка инфлација и ценовни шокови кои патем оваа влада го создаде.

Почитувани граѓани, премногу е!

Време е за избори и време е за промени!, “

-соопшти од говорницата од партискиот прес центар на ВМРО-ДПМНЕ денеска Марија Митева.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace