БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Младо пет-члено семејство од Битола бара помош за егзистенцијални потреби. Да помогнеме кој колку може

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До редакцијата на нашиот интернет портал пристигна молба за помош.

Младо пет- члено семејство од Битола има потреба од финансиска помош за обезбедување на нивните основни егзистенцијални потреби.

Младата мајка Александра заедно со нејзиниот сопруг и трите малолетни дечиња веќе подолго време се соочуваат со финансиски потешкотии и не можат да си ги плаќаат сметките за комунални трошоци како и киријата за нивниот дом, до таа мера што веќе не можат да обезбедат ниту доволно храна за своите дечиња.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поради смрт на двајца членови од нивното семејство кои помагале финансиски на семејството, сега се заглавени во непредвидени трошоци кои се сериозен проблем во секојдневието. Мајката Александра не може да оди на работа поради здравствени потреби на најмалиот син, така што семејството преживува со минималната плата на таткото.
Ова повеќедетно семејство барало помош и од општината од каде им доделиле еднократна финансиска помош, но тоа не е доволно за да го истераат месецот.

Затоа во име на Мајката Александра, нејзиниот сопруг и нивните три дечиња упатуваме апел до сите хумани луѓе кои што можат да одвојат било каква финансиска помош тоа да го направат директно со донирање на финансии на сметка на мајката.

Име и Презиме: Александра Наумовска
Место на живеење: Битола
Трансакциска сметка за резиденти во Македонија бр. 250-0110007241-33 во Шпаркасе Банка

Ова младо повеќедетно Македонско семејство заслужува достоинствен живот а на сите нас останува да им помогнеме кој колку може согласно можностите.
Однапред благодарни.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace