Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипунновски денеска беше на терен во работна посета на Велес и Росоман.
Во рамки на неговата теренска агенда Министерот Трипуновски посети повеќе земјоделски семејства во овие две општини и се запозна со процесот на вршење на нивната земјоделска дејност. Министерот Трипуновски покрај директната комуникација со земјоделците, подари новогодишни пакетчиња за најмладите во нивните семејства.
“Денеска во населеното место Сојаклари, општина Велес, како и во општина Росоман, посетив неколку семејства. По повод новогодишните и божиќни празници на децата им поделив пакетчиња како мал знак на внимание.
Детската насмевка е најголемото богатство!”
-напиша на социјалните мрежи во врска со оваа посета Министерот Трипуновски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ