До нашата редакција пристигна соопштение упатено до јавноста од страна на МАКЕДОНСКА НАРОДНА ПАРТИЈА – МНП.
Истото го пренесуваме во целост во продолжение:
ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ДО ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И ЗОРАН ЗАЕВ
Помина еден месец од како најавивме дека се спрема банкрот на државата. Завчера Зоран Заев на интервју на Канал 5 тврдеше дека не е точно дека е така и дека државата има пари. Ова е спротивно на тврдењата на Анѓушев и други кои тврдеа дека во буџетот недостасуваат околу 2 милијарди еу.
Ве повикуваме да излезете и да ја кажете вистината пред народот и да одговорите на следните прашања:
- Да одговорите дали се спрема СTЕНД БАЈ аранжман со ММФ во висина од 600 милиони ЕУ ?
- Одговорете дали следи од јуни 2020 година, кратење на плати и пензии, отпуштања од работа ?
- Одговорете дали се спрема и веќе е договорена ДЕВАЛВАЦИЈА на денарот?
- Одговорете дали во октомври 2020 година се спрема трансфер и примопредавање на власта, со веќе договорено доаѓање на Мицковски на власт , во согласност со ЕУ и доверителите ?
- Дали се спрема странски Валутен борд од доверителите и кредиторите во државата ?


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР
Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците
Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот