Соопштение до јавност на Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев:
🇲🇰 🇸🇮 Денес на скопскиот аеродром пристигна донација од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи, а која се состои од 100 илјади маски и 100 иллјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра. Станува збор за прва донација која ја добива Министерството за внатрешни работи од земја која е членка на Европска унија и НАТО.
‼️ Имајќи предвид моментот во која таа доаѓа истата е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое име да се заблагодарам на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Hristijan Mickoski за личното вложување и личниот ангажман во овој процес, а во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенскиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот.
🔶 Министерството за внатрешни работи останува посветено во процесот првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување на соодветна заштитна опрема за своите вработени, се со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!