Чувари на уставниот поредок на државата, реализација на највисоки борбено-технички задачи. Синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал. Елита меѓу елитите. Специјална антитерористичка единица Тигар. Време на собирање искуство, созревање, посветеност, време кое е плод на сите генерации поминати во единицата. Време кое денеска запишува близу половина век, 44 години од формирањето на „Тигрите“. На 13 март во 1981 година во Министерството за внатрешни работи, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија, е формирана Единицата за специјални задачи „Тигар“. Единицата одигра важна улога во процесот на осамостојување на Република Македонија, а имаше значаен удел во справувањето со повеќе безбедносни предизвици со кои се соочи Македонија на патот од осамостојувањето па се до денес.
За порталот Курир.мк Разговорот го водеше: ИВОНА ПЕТРОВА НИКОЛОВСКА – новинар
Фотограф, симател и монтажа: РИСТЕ ЗДРАВКОВ
Соговорник: припадник на САЕ ТИГАР


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните