БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Музејот “Теракота” од Виница организира – Едукативна работилница на тема „Риболовот некогаш и денес“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со едукативно предавање на тема „Риболовот во минатото“ од страна на виш кустос Благица Стојанова од музеј Теракота,  започна со реализација проектот „Риболовот некогаш и денес“.

 Дневните центри од Виница, Кочани, Штип , Каменица и Делчево  ве очекуваат на заедничко дружење и богата програма од едукативен и забавен карактер на Трсинското езеро. Ќе се зборува за најважните и основни работи на кои треба да се посвети секој рибар.

Пред секое заминување на риболов, потребно е да се изврши проверка на рибарските стапови и на соодветниот прибор, кој рибарот го носи со себе. Кога станува збор за рибарскиот стап, прво треба да се обрне внимание да не има евентуалното оштетување на водилката или т.н. окце што му штети на конецот, така што во краток временски период може да се случи да се има речиси неупотреблив конец, кој и при најмал отпор би се скинал.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целиот прибор како и рибарските стапови е потребно да се чуваат на суво место без влага. Потребно е приборот за риболов да се прегледа, да се исфрлат неупотребливите и да се остават само неопходните работи, за да не се носат непотребно.

Понатаму, потребно е да се прегледа секој дел од рибарскиот стап, за негде случајно да не има некоја пукнатина, во спротивно таквиот рибарски стап брзо ќе се скрши. Неговиот врв е најчувствителен и затоа посебно треба да се внимава при транспортот и спуштањето во риболов на тврди подлоги, потоа при зафрлувањето на јадицата, па на опасноста од гранки и грмушки итн.

Повелете сите сте добредојдени – повикуваат од музејот Теракота

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace