БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за 6-дневен планинарски марш во чест на Кочо Рацин

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во продолжение го пренесуваме известувањето на организаторите на планинарскиот марш до местото на планината Лопушник каде во 1943 година загинува родоначалникот на Македонската современа литература и поезија, Коста Солев Рацин:

ЕГ Грин Пауер од 8 до 13 јуни 2019 (сабота-четврток) за прв пат ќе организира 6- дневен планинарски марш од Велес до Лопушник (Кичевско), во чест на Кочо Рацин – револуционер , вонвременски великан на Македонската поезија и една од најсветлите точки во поновата наша историја.
Маршот се организира по повод 76 години од неговото загинување на 13 јуни 1943 на Планината Лопушник.
Главен покровител и поддржувач е Општина Велес, и овој марш годинава станува составен дел од престижната Културно – поетска Манифестација „Рацинови Средби„ која ќе се одржи по 56-ти пат.
ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ОД НАСТАНОТ.

КРАТКИ ИНФОРМАЦИИ ЗА МАРШОТ :

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вкупна должина на маршот : 156 км.
Вкупен број етапи/делници за поминување : 6 (шест)
Вкупен број ноќевања : 5 (пет).
Патеката ќе поминува низ Општините Велес, Чашка, Долнени, Македонски Брод, Пласница и Кичево при што учесниците ќе го промовираат Рацин во преку 20 села во овој реон.
ЦЕНА за учество(котизација) : НУЛА денари.
Максимален број пријавени : 15 луѓе.
За сите пријавени учесници обезбедено е ноќевање, еден топол оброк во секое од местата каде што е предвидено да се престојува и енергетски барови со лесен појадок.

За потребите на маршот, ќе биде организирано придружно возило кое ќе ја транспортира логистичката опрема и ќе овозможува било каква поддршка за сите учесници.
За безбедноста на учесниците е обезбедено одговорно лице од СВР Велес ( Отсек за Превенција).
За здравствената состојба на секој учесник обезбедено одговорно лице – лекар.
За комплетниот тек на маршот е изготвен и Елаборат доставен до сите субјекти вклучени во организацијата.
ТЕЖИНА НА МАРШОТ : Тешка/многу тешка. Технички, маршот не е захтевен, но поради должината на секоја етапа, и честите денивелации потребна е ОДЛИЧНА ПСИХОФИЗИЧКА КОНДИЦИЈА од секој учесник. Сите технички детали по денови и етапи прочитајте ги внимателно во текстот подолу.
За сите пријавени кои не ќе можат да го изодат целиот марш, во секое од местата на престој ќе можат да се откажат, и со автобус, воз или возило ќе може да се вратат дома.
Оние кои не можат поради обврски да учествуваат на целиот марш, ќе можат да се вклучат на било која од етапите која сметаат дека може да ја изодат. Исхраната за нив е од ранец и ноќевањето е по стандардна цена на сместување во зависност од објектот на престој.

ВАЖНО : Поради зголемениот број на влекачи и бујна вегетација во реонот на одвивање на маршот, Секој учесник ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да носи високи и одлично разгазени чевли , долги планинарски чорапи и пантолони со долги ногавици.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е НОСЕЊЕ ВОДА од 2 ДО 4 литри дневно.

ПРИЈАВУВАЊЕ : До исполнување на максималната бројка, а најдоцна до 2 јуни ( недела). Пријавување и информации на тел. 075 361 877 (Игор).
СТАРТ на турата : 8 јуни ( сабота) во 5.00 часот од центарот на Велес пред споменикот на Кочо Рацин.
КРАЈ на маршот : 13 јуни( четврток) на Лопушник, на местото на загинување на великанот каде планинарите ќе се спојат со делегацијата на Општина Велес и заеднички ќе се поклонат пред спомен обележјето.
ЗАМИНУВАЊЕ : 13 јуни(четврток) со организиран превоз до Скопје и Велес (со возила или комбе)

ЗАБРАНЕТА е било каква употреба на алкохол и психотропни супстанции за времетраењето на маршот.

ДЕТАЛИ И ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА СЕКОЈА ЕТАПА по денови :

1. Прва етапа(8 јуни, сабота) : Велес(176 мнв) – Манастир Св. Преображение во село Согле(600 мнв).
Тргнување : 5.00 часот од центарот на Велес.
Се поминува низ селата Г.Оризари, Еловец, Стара Чашка, Голозинци , над село Мелница преку седлото Просница се стигнува до Согленски Манастир.
Вода : На три места (на 4-от км од Велес) , на 10 и 12 км.
Вкупна должина на етапа : 32 км(12 часови одење)
Категоризација : Тешка. Првите 19 км(6 часови) се движиме по рамничарско—ридски реон , следуваат четирири часови искачување, и два часа симнување.
Ноќевање : Конаци во Манастир. Двокреветни соби со посебни тоалети и туш кабина.
Минимална надморска височина : 176 мнв(центар на Велес).
Максимална надморска височина Седло/превој Просница(1100 мнв).
Максимално позитивен наклон ( нагорнина) на прва етапа : 13 степени.
Максимално негативен наклон(надолнина) : 21 степен.

2. Втора етапа (9јуни, недела) : Mанастир Согле(600 мнв) – Планинарски Дом Стровија(740мнв).
Тргнување : 6.00 часот.
Се поминува низ селата Согле, Богомила, Гостиражни и Стровија.
Вкупна должина на етапа : 21 км. ( 8 – 8.5 часови одење)
Категоризација : Средна.
Вода : На едно место во Богомила на на 8 км од стартот на етапата.
Ноќевање : Планинарски дом Стровија. Четири креветни соби, кујна со два заеднички тоалети и можност за туширање.
Минимална надморска височина : 500 мнв( Богомила)
Максимaлна надморска височина : Превој Прилепски Пат (1050мнв)
Максимално позитивен наклон : 15 степени.
Максимaлно негативен наклон : 11 степени.

3. Трета етапа (10 јуни, понеделник): Село Стровија (740)- Превој Барбарас(864)-Македонски Брод(585 )
ТРГНУВАЊЕ : 6.00 часот.
Се поминува низ селата Долгаец, Зрзе и велелепниот манастир Зрзе.
Вкупна должина на етапа : 27 км ( 11 до 11.5 часови одење)
Категоризација : Тешка.
Вода : На три места. Во Село Долгаец, Зрзе и на 19-от километар на премин Барбарас.
Ноќевање : Ученички дом(Интернат) во Македонски Брод. Три креветни соби со посебни тоалети и можност за туширање.
Максимална надморска височина : Седло помеѓу Зрзе и Мак. Брод ( 1210 мнв)
Максимално позитивен наклон(искачување) : 14 степени.
Максимално негативен наклон(симнување) : 24 – 27 степени.

4. Четврта етапа (11 јуни, вторник) : Mакедонски Брод(585) – Кичево(625)
ТРГНУВАЊЕ : 6.00 часот.
Се поминува низ општина Пласница и низ селата Русјаци, Долни Ораовец, Лисичани, Челопеци, Староец , Бигор Доленци.
Вкупна должина на етапа : 30 – 32 км.
Категоризација : Средно тешка/тешка.
Вода : Во селата и на 18 км пред село Лисичани.
Ноќевање : Во Кичево, во приватни куќи.
Максимaлно позитивен наклон( искачување) : 4 степени.
Максимално негативен наклон ( симнување) : 5 степени.

5. Петта етапа( 12 јуни, среда) : Кичево(625) – с. Извор(745)
ТРГНУВАЊЕ : 6.00 часот.
Се поминува низ селата Србјани, Манастирски Доленци, Брждани, Јудово, преку планина Голјак кон селата Малкоец и Извор.
Бкупна должина : 26 км.
Категоризација : Тешка.
Вода : На секои 8 км.
Ноќевање : Во с. Извор, во објект од цврста градба без кревети и душеци.
Максимална надморска височина : 1300 мнв(Голјак)

6. Шеста етапа(13 јуни, четврток). Извор( 745) – Лопушник(врв Стог, 1754)

ТРГНУВАЊЕ : 7.00 часот. Класична планианарска патека која се користи од планинарите при посета на Лопушник. Се движиме по земјен шумски пат до местото на загинување на Рацин и се продолжува до врв Стог.
Вкупна должина : 20 км во обата правци.
Категоризација : Средно тешка.
Вода : 2 литри минимум.
Максимално позитивен наклон : 19 степени
Максимално негативен наклон : 18 степени.

Можно е промена на сатница во тргнување на било која од етапите, доколку одлучи организаторот.

ВАЖНО : Секој учесник со пријавувањето се СОГЛАСУВА за условите, доаѓа на сопствена одговорност и е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
– Императивно, вашето ѓубре(органско и неорганско) да го носите со себе во ранец до првиот контејнер.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на високи обувки, вода(2 литри), храна и повеќеслоеста облека(кабаница, ветроотпорна јакна
НАПОМЕНА : Во зависност од временските услови и од лична проценка на водичите и организаторот, термините и активностите во настанот може по потреба да бидат променети , а настанот одложен или отакажан.
Во случај на сериозно лоши временски услови, дел од етапите може да да се откажат и да не се реализираат во целост

Креирано од:


Пренеси го гласот