Културно уметничкото друштво “Вера Јоциќ” од Македонска Каменица во петок 21.12.2018 година со почеток во 18.00 часот во Домот на Култура во Македонска Каменица ќе го реализираат својот завршен годишен концерт за 2018 година.
Поканата упатена со многу љубов и внимание од членовите на ова културно уметничко друштво гласи:
Почитувани љубители на фолклорот и народната традиција. Ве покануваме на ден 21.12.2018год во Домот на Култура Македонска Каменица со почеток од 18:00 часот да бидете дел на уште една предновогодишен концерт на КУД„Вера Јоциќ“ од Македноска Каменица. Како обичај на крајот од секоја годината традиционално на сцена ќе ви се претстави целиот Ансамбал, каде што на овој концерт ќе имате можност да се запознаете со се што сме сработиле изминатиот период.
Гости на концертот ќе бидат нашите добри пријатели од Р.Бугарија.Ве очекуваме и Ви ветуваме 90 минутно уживање, рај за вашите очи и уши 🙂 🙂


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сања Пановска е дел од “Најдоброто на Делчево”. Градоначалникот Гоцевски рече дека таа е инспирација за сите млади луѓе кои сакаат да бидат научници
Најава за презентација на активности од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани