БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма… До каде оди лудилото на актуелната власт?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љпчо Николовски јавно во изминатите неколку денови изјави дека како влада ќе подготвеле законски измени со кои што ќе може приватното земјиште, државата да го става на располагање на поедини субјекти за производство на храна.

Ваквата навидум хумана и популистичка изјава во пресрет на немаштијата и гладот кој што веќе го зафаќа македонското општество а ќе доаѓа до израз уште повеќе во наредните месеци е особено опасна и штетна до таа мера што е закана за карактерот на уставниот систем во кој е уредена државата.

Една од основните вредности на пазарната економија а тоа е приватната сопственост се става на отстрел на неколкумина поединци кои што одлепени од реалноста а во прилог на нивната неспособност за менаџирање на состојбите и процесите во државата за доброто на граѓаните, се залетуваат кон вакви илузорни идеи кои што ќе ја доурнисаат државотворноста и сигурноста во ова наше парче земја.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквата идеја е олицетворение на најсуровата форма на комунизмот кој што како репресивен државен орган по втората светска војна одземаше приватни имото во функција на слични вакви идеи и преку национализација на приватната сопственост обезбедуваше лежерност и комфор за сопствените функционери против волјата на мнозинството на граѓани во поранешна Југославија и сукцесивно во Македонија.

Се уште има по некој жив домаќин кој шт се сеќава како најубавите имоти му биле загосподарени од бандитите на државата преоблечени во комунистички костими кои што живееја на маката и потта на обичното селанство и работничка класа.

Ваквата мерка предложена од Љупчо Николовски во емисијата “Студио 10” на ТВ 24 ќе внесе хаос и безредие кое што доколку се спроведе ќе внесе неизвесност на долги патеки и она што како воспоставен пазарен систем се обидуваме да го развиеме како држава која претендира да биде рамноправна со западните демократии.

На удар е демократијата, на удар е секој поединец во државата.

Време е за соодветен одговор од сите оние кои што се спротивставуваат на ваквото ккомунистичко практикување на власта во функција на продолжување на опстанокот на оваа неспособна, криминална и клиентелистичка власт во државата.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace