БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за одрување на 30 кконгрес на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

30 Конгрес на СДСМ за нови политики избор на ново раководство

Почитувани,

Ве известуваме дека утре, 24 ноември 2024 година, со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи 30 тиот Конгрес на СДСМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисиките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор).

На почетокот ќе има отворен дел од конгресот. Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Потоа ќе следува мала пауза по којашто продолжува работниот дел од конгресот.

Новинарите, снимателите и фоторепортерите ќе можат да присуствуваат на отворениот дел на Конгресот со соодветни прес акредитации.
Местото за подигање на акредитациите е соодветно означено на самиот влез пред салата на одржување, на располагање на медиумите се вработени во Центарот за комуникации. За подигнување прес акредитација, потребно е да се покаже новинарска/пресс легитимација.

Замолуваме новинарските екипи да пристигнат околу 12.30 часот.

Во самата сала каде што се одржува Конгресот обезбеден е соодветен простор и потребни приклучоци за камерите, резервирани се места за седење за новинарите за отворениот дел.

Дополнително, обезбедена е посебна просторија, Прес – центар која со медиумските легитимации ќе може да се користи за цело време додека трае Конгресот (работен и отворен дел, по потреба, сала К3).

Извор: СДСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот