БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за одржување на Работилница за зајакнување на капацитетите за пристап до правда во областа на животната средина во Кочани

Пренеси го гласот

Во четврток 28.11.2024 година со почеток во 15.30 часот во Але Дар Премиум Хотел Ресторанот во Кочани ќе се одржи Работилница за зајакнување на капацитетите за пристап до правда во областа на животната средина.

Во продолжение ја пренесуваме информацијата за најава на овој настан пренесена преку социјалните мрежи од страна на организаторите:

“Придружете ни се на оваа интерактивна работилница посветена на зајакнување на свесноста и вештините за заштита на животната средина преку правна рамка и активна вклученост на јавноста.

Научете повеќе за институционалната рамка за заштита на животната средина, можностите за учество во процесот на донесување одлуки и како ефикасно да поднесете коментари, барања или жалби поврзани со инспекциски надзор.

Детали за настанот:
📅 28 ноември 2024 година (четврток)
📍 Ale-Dar Premium Hotel Restaurant
🕔 15:30 – 18:45 часот

Агенда:
15:30 – 15:45 Регистрација на учесници
15:45 – 16:15 Институционална рамка за заштита на животната средина
16:15 – 17:00 Можности за вклучување на јавноста во процесот на донесување одлуки
17:00 – 17:15 Пауза
17:15 – 18:00 Како да се напише коментар/барање/иницијатива за инспекциски надзор/жалба
18:00 – 18:45 Дискусија за предизвици во областа на животната средина на локално ниво.

Учество:
Настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани.

👉 Придружете ни се и станете дел од иницијативата за унапредување на еколошката правда!

Оваа активност е дел од проектот „Унапредување на еколошката правда во Северна Македонија“, кој е поддржан од Глобалната програма на UNDP за зајакнување на владеењето на правото, човековите права, правдата и безбедноста за одржлив мир и развој.”

-стои во најавата за настанот на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот