БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за проекција на филмот “Битката за Севастопол” во киното во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Локалниот огранок на Левица од Делчево со цел за одбележување на победата над фашизмот во Втората Светска Војна заедно со левичарскиот институт Рацин во кино салата во Делчево организираат проекција на филмот “Битката на Севастопол”.

🚩По период на тешки страдања, огромен број на човечки жртви и денови на заробеништво кои со себе ги понесе Втората Светска Војна, месецот мај значеше светла точка и пресвртница. Пресвртница која светот ја почувствува во 1945-та година, со потпишување на капитулација на нацистичка Германија и официјален крај на грозоморните настани и на самата Втора Светска Војна.

📺 Со цел свечено одбележување на победата над фашизмот, ЛО Левица Делчево заедно со Левичарскиот институт Рацин ќе одржи проекција на филмот “Битка за Севастопол” во Делчево; украинско-руски игран филм, во режија на Сергеј Мокрицки, снимен во 2015 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во него се раскажува судбината на легендарната жена снајперист од 25-тата дивизија на Црвената армија, Поручник Људмила Павличенко, која е херој на Советскиот Сојуз како најефикасната снајперистка во Големата патриотска војна и нејзиното учество во одбраната на Севастопол.

Проекцијата ќе се одржи во Кино салата во Делчево, на ден 25.06.2022 година, од 18:00 часот.

Ве покануваме на проекцијата на филмот и заедно да се потсетиме на вредностите кои нашите предци ни ги оставија борејќи се во НОБ.

ВЛЕЗ: Бесплатен”

стои во соопштението упатено до јавноста во врска со овој настан

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace