БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Детската балатска претстава “Грдото пајче” ќе го разубави секојдневието на најмладите штипјани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Националната Установа Центар за Култура „Ацо Шопов” од Штип а во реализација на Arabesque – Центар за балетска уметност, Штип во петок 24.06.2022 година со почеток во 19.00 часот ќе се одржи детската балетска претстава “Грдото Пајче”.

Од тимот за промоција на настанот информираат:

“Една од најубавите детски приказни, раскажана преку танц.
Приказната за “Грдото пајче” се раѓа во далечната 1842г, создадена од авторот Ханс Кристијан Андерсен. Без сомнеж, оваа приказна е еден од бисерите на светската литература, кој никогаш нема да го изгуби својот блесок и секогаш ќе ги интригира големите и малите читатели. “Грдото пајче” е едно од најмудрите литературни дела, кое зборува за високата животна цена која секој ја плаќа, следејќи го својот призов да биде различен од околните, или барем таков каков што е. Поучна, реална сторија, која носи надеж и верба во себе, светот и чудата.
Сето ова, раскажано преку танцот на балерините од Центарот за балетска уметност Арабеск.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Полни со желба, терепт и љубов искажана во движење Ве покануваме да го споделиме заедно овој настан! “

-информираат од менаџментот на настанот.

Кореографија и сценарио на претставата е на Елизабет Колевска а асистент е Драгана Илиевска

Цена на билет: 150 денари. За деца до 14 години влезот е бесплатен. Продажбата на билети ќе се врши во рамките на студиото Арабеск. Тел. за контакт 075/356-326, 075/993-376

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace