БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски од Стразбур: Владата молчи за францускиот предлог затоа што веќе ги има прифатено неговите штетни одредби

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска од Стразбур од парламентарното собрание на Советот на Европа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски уште еднаш ги афирмираше во јавност заложбите на партијата и неговите лични заложби за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Тој во наредните два дена ќе има бројни средби со европарламентарци од сите земји во Европа, при што ќе ги афирмира позициите на Македонија и Македонските граѓани за процесот на зачленување на државата во ЕУ, чиј што старт Македонија треба да го добие без нерационалните условувања на соседна Бугарија во однос на историјата, идентитетот и јазикот.

“Во следните два дена во рамки на Советот на Европа ќе имам бројни средби во кои што ќе разговарам со бројни пратеници од сите европски држави. Ќе разговарам за интересот на Македонија, за потребата Македонија да почне преговори за членство со ЕУ на достоинствено. Македонците да почнат преговори за членство со ЕУ како Македонци. Македонскиот јазик да биде признаен како македонски јазик, односно да се отфрлат тешките барања кои што ги поставува Бугарија и која што става вето на почетокот на преговори на Македонија со ЕУ.

Она што го гледам изминативе денови е целосен дебакл на македонската дипломатија. Затоа што дозволија еден документ кој што е во целосно спротивно на македонските национални интереси веќе да циркулира во европските главни градови и за него да се разговара. Тоа е катастрофален документ. Тоа е документ кој што значи поништување на Македонија, и на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Останува нејасно зошто има целосен молк од страна на Владата, премиерот Ковачевски, и министерот Османи. Единствениот логичен одговор е затоа што на тоа се согласиле. Повикуваме да се отфрли тој документ и јасно кажуваме од тука од Стразбур дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ниеден документ кој што задира во македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската самобитност. Ние можеме да стигнеме до европските вредности на правилен начин, а не со понижување и со уцени, “

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на Европа во Стразбур.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace