БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден почина Вини Пол тапанарот на Пантера

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во 2018 година на 22 јуни почина славниот тапанар на светски познатиот метал бенд Пантера, Винсент Пол Абот (Vincent Paul Abbott) или добро познат како Вини Пол (Vinnie Paul) на своја 54 годишна возраст.

Вини Пол е брат на гитаристот на Пантера Дајмбег Дерел кој трагично го загуби животот на сцена откако беше застрелан од младиот Нејтан Гејл во ноќен клуб во Охајо Тексас на 8-ми декември 2004 година за време на концерт на нивниот тогашен бенд Демиџ план.

Вини Пол е роден на 11-ти март 1965 во Абилејн Тексас. Со својот брат Дајмбег го формирале бендот Пантера во 1981 година, по што станаа препознатливи по својот уникатен звук на моќен хеви метал кој се разликувал од се друго дотогаш познато во светската музичка индустрија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ритмиката на Вини Пол претставува силна подлога за моќниот звук кој го продуцираа неговиот брат Дајмбег, басистот Рекс Браун и лириката и вокалите на Фил Анселмо.

Покрај тапанар на бендот Пантера, Вини Пол  е познат по својата текстописечка и продуцентска улога како и тапанар во споменатиот бенд Демиџ План и бендот Хелјеа.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace