На сите граѓани им го честитам денешниот државен празник, Денот на народното востание на македонскиот народ – 11 Октомври.
На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна и независна држава. Тој идеал нè води и денес во остварувањето на подобра сегашност за денешните и подобра иднина за наредните генерации.
На денешен ден се потсетуваме дека љубовта кон татковината е важна и тоа е една од работите за кои треба да ги учиме и воспитуваме идните генерации. На овој голем празник, уште еднаш, да се потсетиме на заветот кој ни го оставија нашите предци, достојно и гордо да го чуваме ова парче земја, бидејќи тоа е сè што имаме.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства
67 годишна жена од с. Дрење, Крива Паланка физички нападната од три женски лица околу недоразбирање со крави кои правеле штета
Македонската претседателка го честита денот на Албанската азбука