Првите посериозни дождови донесоа и први маки за градоначалникот на Општина Штип. Дека не течело само мед и млеко потврдува и кровната конструкција на општинската зграда чиј кров тече како река. Ходниците на најгорните катови од општинската зграда наликуваат на мочуришта, за катастрофата да биде поголема никој од надлежните не пројавува интерес да ги санира овие проблеми. Се поставува прашањето дали градоначалникот кој шета по овие ходници ги предупредува своите гости и соговорници да внимаваат на лизгавиот под. Проблемите за градоначалникот никнуваат како печурки после дожд, решенија сега за сега се уште никој не гледа, до кога ќе биде така, ќе видиме.