БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На Македонците им треба стабилност, предвидливост и многу работа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Последната анкета на Маркет Вижн изработена за потребите на порталот МКД.МК кај себе содржи информации за општите состојби во државата и расположението на граѓаните во однос на генералните политички трендови во Македонија.

Она што е доминантен впечаток од резултатите на анкетата е неприкосновената поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ наспроти малата поддршка за политиките на опозициските партии кои во некои нормални услови би требало да бидат баласт на власта. Но политичките околности во СДСМ, Левица, ДУИ и нивните малку преостанати сателити се далеку од нормални а граѓаните на Македонија тоа го гледаат и препознаваат.

Деструктивните политики карактеристични за овие опозициски партии кои се нивен заштитен знак во изминатите години не наидуваат на поддршка од граѓаните. Обидите за политичко профитирање преку политичка некрофилија во изминатите месеци не донесе ништо добро за опозициските партии а уште помалку за било кој граѓанин во државата. Обидите за дестабилизација од страна на ДУИ во неколку налети, по падот на оваа партија од власт беа осуетени од малата поддршка на таквите активности кај граѓаните. СДСМ не извлече никаква поука од ова негативно искуство на ДУИ па се обиде преку политичка некрофилија да ја злоупотреби смртта на жртви од несреќи за да се профилира на политичката сцена по катастрофалниот пад на минатогодишните избори. Истата траекторија ја следеа и од политичката партија Левица кои недостигот на реални и одржливи политички решенија упорно прибегнуваат кон политика на ниски страсти преку која сакаат околу себе да налепат поддржувачи меѓу граѓаните. Таа практика е својствена за СДСМ, Левица и ДУИ е веќе видено сценарио преку деструкцијата од т.н. шарена револуција во 2015 и 2016 година која што со многу проблеми ги донесоа СДСМ и ДУИ на власт во 2017 година, која што власт беше вовед во уште поголема деструкција која следуваше потоа. Економскиот колапс на државата, беззаконието, политичкиот прогон на неистомисленици, партизацијата а пред се бришењето на името на државата на крајно примитивен начин со закани, уцени и поткупи беше хајлајт-от на деструктивноста на СДСМ и ДУИ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес на средина од месец јуни 2025 година, таа деструктивност кај Македонските граѓани НЕ ПОМИНУВА, а СДСМ, Левица и ДУИ се борат за превласт на дното од табелата за поддршка од граѓаните, нај повеќе поради неможноста да се одделат од таа нивна суштинска матрица на размислување “колку полошо-толку подобро”.

Македонскиот граѓанин е изморен од револуции после кои секогаш дополнително пропаѓа на скалилата за квалитет на животот. Хаосот и безредието никогаш не биле одлика на Македонската традиција, баш напротив, смиреноста, достоинството и пресметливоста се главни одлики кои воделе до одржлив развој, преку многу знаење, труд и работа.

Токму тоа го нуди владејачката ВМРО-ДПМНЕ која е главниот мотор во владата! Граѓаните ги препознаваат владините политики кои што се интензивно резултатски ориентирани, на исполнување на точно дефинирани краткорочни и среднорочни цели кои што секојдневно придодаваат не само надеж туку и реални бенефити за секој еден граѓанин на државата.

Токму затоа резултатите на анкетата на Маркет Вижн изработена за потребите на порталот МКД.МК покажуваат огромна предност во поддршката на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ а Премиерот Христијан Мицкоски е убедливо нај кредибилен политичар во државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace