Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска во јавноста сооппшти дека во завршна фаза на асфалтирање се повеќе улици во населбата Караорман во Штип. Притоа Градоначалникот Јорданов најави дека ќе селедуваат активности за асфалтирање на улици и во другите населби во Штип додека дозволуваат временските услови за вакви градежни активности.
“Денес започнавме со асфалтирање на неколку улици во нас.Караорман, во вредност од 2.400.000 денари, кои ќе бидат финансирани од буџетот на Општина Штип.Во наредните денови продолжуваме со асфалтирање на улици во другите населби во нашиот град, сѐ додека ни дозволуваат временските услови.”
-напиша на фејсбук Иван Јорданов-градоначалник на општина Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија